Дома Трансфер зона Тотенхем нема да ги жали парите за да го врати својот поранешен играч

Тотенхем нема да ги жали парите за да го врати својот поранешен играч

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино има намера ова лето да го засили својот тим со неколку квалитетни играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако и оваа сезона останаа без титулата во Англија, иако беа многу блиску до лидерот, се чини дека Тотенхем ќе направи се што може за следната година ова време да биде едно место погоре на табелата во Премиер лигата.

За почеток, планираат да го вратат својот поранешен фудбалер, кој беше нивни член пред две години, Гилфи Сигурдсон. Тој во моментов е фудбалер на Свонси и имаше многу добра сезона, за разлика од својот тим. Управата на Тотенхем очигледно се покаја што го продаде, па имаат намера да го вратат и тоа за 25 милиони фунти.

За него тие се одлучија откако Евертон постави превисока цена за својот играч, Рос Баркли од дури 50 милиони фунти. Сигурдсон оваа сезона ги одигра сите 37 натпревари во Премиер лигата и постигна девет гола со 13 асистении.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…