Дома Фудбал Италија Италијански новинар удри по Јувентус: Го избркаа Манџукиќ како да е никој и ништо

Италијански новинар удри по Јувентус: Го избркаа Манџукиќ како да е никој и ништо

Марио Манџукиќ после четири ипол години го напушти Јувентус и потпиша договор со Ал-Духаил.

Хрватскиот напаѓач заминува откако оваа сезона не запиша ниту еден настап за клубот од Торино. Со доаѓањето на Маурицио Сари, Манџукиќ падна во втор план. И во текот на летото имаше понуди, но остана во Јувентус да се бори за минутажа, сепак кога не доби шанса сега си замина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Јувентус срамно се однесуваше кон Манџукиќ. Станува збор за човек кој даде се во изминатите години, човек кој беше предаден на клубот. Јувентус се однесуваше кон него како најлоша корпорација, го турна на страна и го избрка како да е никој и ништо“.

„Манџукиќ ја држеше устата затворена иако имаше право да се побуни. Не можете така да се однесувате кон клупска легенда, кон играч кој ви дал се, не му дозволија ниту да се прости. Не му е на Јувентус прв пат да се однесува лошо кон легендите. Сетете се како си заминаа Дел Пиеро и Маркизио. На Марио му посакувам се најдобро. Тој е еден од најпотценетите играчи на својата генерација. Неговите резултати во големите клубови и големите натпревари тоа го покажуваат“, смета италијанскиот познат новинар Карло Гарганесе.

Чудно е и тоа што Јувентус на своите официјални страници се уште не објавил дека се простил од Манџукиќ. Од трансферот клубот ќе заработи 5.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …