Дома Трансфер зона Гвардиола повторно купува од Шпанија

Гвардиола повторно купува од Шпанија

Манчестер Сити е силно заинтересиран за дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес, пренесуваат медиумите на Островот.

Иако тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека екипата нема потреба за зимски засилувања, сепак, Манчестер Сити набљудува неколку млади одбранбени фудбалери, а прв на листата желби е Пау Торес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


22-годишниот шпански дефанзивец игра одлична сезона, дури и дебитираше за шпанската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Покрај Шпанецот, на радарот на Пеп Гвардиола е и дефанзивецот на Бенфика Рубен Дијас, а цената на двајцата фудбалери се движи околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Амрабат го напушта „Олд Трафорд“, бира меѓу Милан и Јувентус

Софијан Амрабат минатото лето беше на мета на многу европски гиганти, а тој избра кариерат…