Дома Трансфер зона Салцбург останува без комплетниот напад: Три премиерлигаши го сакаат најдобриот асистент на „биковите“

Салцбург останува без комплетниот напад: Три премиерлигаши го сакаат најдобриот асистент на „биковите“

Тимот на Салцбург со своите настапи во Лигата на шампиони оваа есен ја воодушеви фудбалска Европа, па многу клубови ја почнаа битката за најважните играчи на „биковите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Такуми Минамино веќе се пресели во Ливерпул, Халанд е на чекор да го напушти Салцбург и да се пресели во некој европски гигант, а за третиот член од напаѓачкото трио се борат три англиски клубови.

Хванх Хи Чан е корејски репрезентативец, има 23 години и е најдобар асистент во тимот на Салцбург. Тој на 22 меча оваа сезона постигна девет голови и запиша дури 14 асистенции, па го привлече вниманието на себе.

Неговиот договор со австрискиот клуб истекува во 2021 година, но веќе во јануари може да го напушти клубот бидејќи за неговиот потпис се заинтересирани Арсенал, Вулверхемптон и Кристал Палас.

Неговата цена во моментов изнесува 20 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…