Дома Фудбал Останато Косово и Албанија формираат заеднички куп под името „Мајка Тереза“

Косово и Албанија формираат заеднички куп под името „Мајка Тереза“

Албанија и Косово можеби наскоро ќе играат во зедничко куп натпреварување, проектот веќе и бил претставен на УЕФА.

Претседателот на ФС Косово, Агим Адеми изјави дека Албанија и Косово работат на формирање на куп кој ќе го носи името „Мајка Тереза“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите во овие змји пишуваат дека проектот е веќе претставен на УЕФА и дека победникот од тоа натпреварување ќе има загарантиран излез на евросцената.

Натпреварувањето би го органзиирале владите на државите заедно со нивните фудбалски сојузи.

„Купот ќе биде нешто големо кое ќе се развива во иднина. Ќе се игра од недела до среда или четврток, кога нема лигашки натпревари“, изјави Адеми.

“Проектот веќе им е претставен на властите. Победникот ќе добие паричен бонус од двете држави. Ќе побааме од УЕФА победникот од ова натпреварување да обезбеди место во европските натпреварувња, веројатно во новата Европска конференциска лига“, додаде првиот човек на ФС Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…