Дома Фудбал Солскјер: Погба е најдобриот играч од средниот ред

Солскјер: Погба е најдобриот играч од средниот ред

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека Пол Погба е најдобриот играч од средниот ред во светот.

Норвежанецот пред натпреварот со Њукасл посочи дека Погба би можел да биде во стартниот тим и дека неговото присуство со сигурност ќе донесе промени во играта.

„Против Вотфорд играше многу добро, неговото враќање е голем плус и можеби веќе на следниот натпревар ќе биде во првиот тим. Тој може да игра на било која позиција во средниот ред. Тој е сестран играч од средниот ред, може да праќа долги пасови, да оди напред, да комибнира со кратки пасови. Зависи од натпреварот. Тоа е убавината во тоа што го имаме Пол во тимот, тој е најдобар сестран играч од средниот ред во светот“ –изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бешикташ – Хапоел Беер Шева 2:1: Влаховиќ од клупата асистираше, Кокчу се искупи за промашениот пенал

Бешикташ во петтото коло од Лигата Европа го победи Хапоел Беер Шева со 2:1. Голови постиг…