Ријад Марез во една емисија на „Скај Спорт“ откри дека покрај Давид Силва клубот во текот на летото ќе го напушти и Фернандињо.
Двајцата фудбалери на „граѓаните“ учествуваа во квиз, а едно од прашањата гласеше: Кој играч на Сити најави дека после истекот на договорот ќе го напушти клубот?
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алжирецот одговори Давид Силва, но го спомна и Фернандињо после што Бразилецот стави рака на уста и почна да се смее.
Фернандињо во Сити пристигна во 2013 година од Шахтјор за 40 милиони евра и од тогаш одигра вкупно 292 натпревари и постигна 23 гола. Оваа сезона е стандарден и запиша 19 настапи во сите натпреварувања.