После доаѓањето на јапонскиот репрезентативец Минамино, Ливерпул е многу блиску до вториот зимски трансфер.
Станува збор за левиот бек на Тулус, Матје Гонсалвес, кој има само 18 години, но оваа сезона е стандарден во Лига 1.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој тинејџер со своите партии оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Ливерпул успеа да ја победи конкуренцијата.
Ливерпул испратил понуда од 9 милиони фунти, сума која ги задоволува апетитите на Тулус да го пуштат младиот талент.
Клоп на таа позиција го има само Робертсон, кој е незаменлив, па Гонсалвес ќе биде алтернатива.