Дома Фудбал Италија Шокантни сцени во Лече: Михајловиќ нападнат од свој играч!

Шокантни сцени во Лече: Михајловиќ нападнат од свој играч!

Неверојатна сцена се случи денес во Лече во победата на Болоња од 2:3.

Синиша Михајловиќ и овој пат седеше на клупата на Болоња и учествуваше во инцидент кој ја шокираше Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако здравјето му е видно нарушено поради повеќемесечната борба со леукемеијата, тешките терпии и посебните мерки кои му ги препишаа лекарите, Синиша не се откажува од фудбалот и повторно ги води тренинзите и натпреварите на Болоња. Така и денес ја водеше Болоња во Лече.

Пред крајот на првото полувреме дојде до вербална и физичка пресметка помеѓу играчот на Лече Тахидис и фудбалерот на Болоња, Гари Медел. Синиша Михајловиќ влезе на теренот со намера да ги раздвои двајцата, најмногу затоа што Медел веќе имаше жолт картон. Тогаш следуваше неверојатна реакција на Чилеанецот.

Медел е познат како груб и пргав играч, тој бурно реагираше се сврте кон Михајловиќ и го турна од себе, после што започна вербален дуел помеѓу нив двајца. Михајловиќ се сврте и повика некој играч од резервната клупа на загревање. Вербалниот дуел помеѓу Миха и Медел продолжи и додека натпреварот траеше, на полувремето Медел и му пријде на Михајловиќ со што беше очигледно дека се во конфликт.

Што било во соблекувалната засега не е познато, но Медел остана во игра во второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…