Дома Македонски спорт Мак фудбал Предновогодишно интервју со Даниел Аврамовски: Во моето семејство секогаш се сакал еден клуб – Вардар мора да биде на евро сцената!

Предновогодишно интервју со Даниел Аврамовски: Во моето семејство секогаш се сакал еден клуб – Вардар мора да биде на евро сцената!

Кога никој не очекуваше Вардар оваа сезона игра одличен фудбал и на полусезоната црвено-црните се лидери со осум бода предност во однос на Шкендија, а еден од предводниците на четата на Александар Васовски е Даниел Аврамовски.

Аврамовски во првиот дел од сезоната постигна девет гола и со тоа е најдобар стрелец во македонското првенство. Ова лето после неколку години во кои настапуваше за Црвена Звезда, ОФК, Олимпија Љубљана и Војводина Аврамовски се врати во македонското првенство. Претходно во Македонија го носеше дресот на Работнички и Македонија Ѓорче Петров.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во пресрет на новогодишните празници разговаравме на неколку интересни теми.

  • Неколку години игравте надвор од државата, оваа година се вративе и очигледно не погрешивте. Што беше пресудно да го изберете Вардар и да се вратите во македонскиот фудбал?

– Да, неколку години бев надвор од државата и тоа е големо искуство за мене. Моменталната ситуација покажува дека не сум погрешил што се вратив во македонкиот фудбал, се вратив поради многу причини како фудбалски така и приватни. За да напредуваш како фудбалер мораш пред се да бидеш добро прифатен од своите соиграчи, од стручниот штаб, од навивачите на клубот и луѓето кои го водат клубот. Јас сум многу благодарен на нив и на мојата сопруга која е ми е голема поддршка, а исто така и на мојата фамилија. На мене да им возвратам со добра игра и добар однос на теренот и надвор од него.

  • Имавте ли во текот на летото други понуди освен оваа на Вардар?

– Во текот на летото имав неколку понуди одлучив да останам во Вардар. Од мали нозе моето семејство навивало и се сакал еден клуб, а тоа е Вардар. Исто така мислам дека Вардар може и мора да биде на евро сцената во наредните години. Видовме дека неколку балкански екипи како Звезда и Динамо успеаа би било убаво за Македонија и македонскиот фудбал да има клуб кој се натпреварува во групната фаза од европските натпреварувања, а со голема посветеност и многу желб и цел која секој треба да ја има може да се постигне се.

  • Во Црвена Звезда започнавте одлично и постигнавте гол на дебито против Суботица. Што се промени потоа?

– Во Звезда пристигнав како многу млад и се почна како од бајките и одиграв неколку одлични натпревари. Отидов во една средина во која ако малку скршнеш од вистинскиот пат понатаму не е се исто. Токму кога започнав да се навикнувам на градот и тренинзите, ете и на тој натпревар се чуствував како да играв пет години таму, а не само три месеци. Потоа дојде една работа која е составен дел од фудбалот, а тоа се повредите, но секако дека тој период има посебно значење за мене. Јас секогаш гледам позитивно и што и да се случи јас сум задоволен. Исто така мислам дека се се случува со причина. Потоа бев во Олимпија Љубљана, па во Војводина и таму запознав пријатели од кои научив многу.

  • Можете ли да изберете еден играч од Вардар со кој имате посебен однос?

– Најискрено сите меѓусебе имамем одличен однос и не би сакал никого да издвојам затоа што пред се сите се предобри личности и сите ние функционираме како едно семејство. Можам само да кажам дека кога сме во карантин исто сите сме заедно, но повеќе време поминувам со Марио Младеновски и Филип Илиќ затоа што ние сме единствени кои пред натпревар слушаме различна музика од сите други.

  • Кога сите мислеа дека Вардар ќе се мачи тимот со вас како еден од лидерите игра во супер форма и е на добар пат да ја освои титулата, која е причината што гледаме еден ваков одличен Вардар?

– Секако дека многу не веруваа во нас, секој си има свое мислиење и секој различно гледа на ситуациите како на теренот така и надвор од него. Најважно е ние самите да веруваме во себе и во нашиот квалитет и оваа полусезона покажавме дека во Вардар има фудбалери кои имаат голем карактер и потенцијал за многу повеќе и се ова е голема заслуга на целиот стручен штаб кој со својата посветеност и внимание прдионе за досегашните резултати.

  • После одличните настапи во првенството добивте и повик во репрезентацијата. Очекувате ли дека и понатаму ќе бидете дел од нашата најдобра селекција?

– Добив повик и пресреќен сум. Желба на секој фудбалер е да игра за земјата која ја сака и во која е роден. Мое е и понатаму да продолжам да играм и секако ќе ми биде голема чест ако и понатаму бидам дел од репрезентација.

  • Како потенцијален репрезентативец и учесник ако Македонија се пласира на ЕП. Како би ја искоментирале можноста да играме во група со Португалија, Франција и Германија? Втората можност се Холандија, Украина и Португалија.

– Тоа се репрезентации со голем стаж на европските првенство и тоа би било секако уште едно големо искуство за секој репрезентативец и уште поголем мотив да се покаже во најдобро светло и сите заедно да го покажаме квалитетот како и во претходните натпревари.

  • Сите сакаме да го победиме Косово и веруваме на такво нешто. Какви се шансите според вас?

– Видовме дека се работи за квалитетна репрезентација има еден натпревар кој ние го играм на домашен терен, со дисциплинирана игра како во претходните натпревари и со една голема поддршка од трибините се надеваме на добар резултат.

  • И за крај, какви желби имате во новата година кога во прашање е Вардар и репрезентацијата?

– Жeлбите се да сме живи и здрави тоа е најважно, да продолжиме со добрите игри и во вториот дел од првенство, па на крајот да се радуваме сите заедно на успесите. Им посакувам на сите пријатели и и сите во Македонија среќни новогодишни и Божиќни празници.

Разговара: Стефан Даскалов

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…