Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга е голема трансфер желба на Реал Мадрид.
17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен, а миниот викенд постигна победоносен гол против Лион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.
Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга. Проблем може да биде цената од 100 милиони евра која ја постави Рен.
Манчестер Јунајтед, Милан и Барселона исто така го следат младиот фудбалер, кој е роден во Ангола, но интересот на „кралевите“ е најконкретен.
Voici la une du journal L’Équipe ce mardi 17 décembre.
— L'ÉQUIPE (@lequipe) December 16, 2019
? Le journal > https://t.co/Gd9rjvBIQa pic.twitter.com/4VU1lnMa56