Дома Трансфер зона Боатенг во јануари конечно го напушта Баерн

Боатенг во јануари конечно го напушта Баерн

Германскиот дефанзивец Жером Боатенг веќе подолго време е на излезна врата од Баерн Минхен, а трансферот конечно би требало да се реализира во јануари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Боатенг веќе одамна нема место во првиот тим на Баерн и прашање е на време кога ќе си замине. Се чини дека тој момент ќе дојде во јануари.

За германскиот интернационалец силен интерес покажува Фенербахче, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Иако Боатенг има договор со Баерн до 2021 година фактот дека оваа сезона одигра само осум натпревари во Бундеслигата доволно говори дека клубот не смета на него и нема ништо против Боатенг да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…