Словенецот Драгутин Балтиќ е новиот селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија, кој на функцијата го наследи Бугаринот Николај Жељасков.
„Драгутин Балтиќ е прочуено име во европските одбојкарски кругови, освојувач на европски клупски натпреварувања и во националните првенства на Словенија, Азербејџан и Словенија. Има завидно искуство и како селектор на Словенија и Бугарија“, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Балтиќ македонските одбојкари ќе ги предводи во овогодишното издание на ЦЕВ Европската лига.