Бразилецот Нејмар веќе некое време се поврзува со заминување од ПСЖ, а сега според информациите на „ЕСПН“ Ливерпул се вклучил во трката.
Нејмар не е среќен во ПСЖ и тоа им е јасно на сите, иако Бразилецот тоа јавно не го призна. Во трката за неговиот потпис веќе некое време се Барселона и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со потенцијалното доведување на Нејмар Ливерпул на Барселона, Реал и останатите клубови би им кажал – ние сме тука и остануваме“, пишува „ЕСПН“.
Ливерпул наводно е спремен да плати околу 200 милиони евра колку што сигурно би изнесувал овој трансфер и тоа би бил апсолутен рекорд за клубот од „Енфилд“.
Кога во прашање е Нејмар тој досега одигра 10 натпревари, постигна седум голови и додаде три асистенции. Треба да се каже дека на почетокот од сезоната имаше проблем со повреда.
Инаку, интересно е што оваа информација на „ЕСПН“ доаѓа откако пред неколку дена се појави веста на „Франс Фудбал“ дека ПСЖ може да тргне по Садио Мане.