Дома Македонски спорт Мак фудбал Интервју со младата вардарова надеж Кристијан Китановски: Учам од Гачевски, следна цел ми е деби во првата лига!

Интервју со младата вардарова надеж Кристијан Китановски: Учам од Гачевски, следна цел ми е деби во првата лига!

Вчера младиот талентиран голман на Вардар, Кристијан Китановски го потпиша првиот професионален договор со Вардар.

Китановски е 17 годишен голман и е голема надеж на црвно-црните, па по тој повод направивме едно кратко интервју.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од кога сте во Вардар и каква беше реакцијата кога ве известија за потпишувањето на договорот?

„Во Вардар сум од летото 2018 година. Бев премногу возбуден кога ме известија за договорот и вие знаете што значи да се потпише договор на 17 години со македонскиот најтрофеен клуб“.

Во Вардар брани најдобриот голман во македонското првенство во овој момент, Филип Гачевски. Сте имале ли прилика да тренирате заедно?

„Во есенскиот дел започнав да тренирам со првиот тим. Преголемо искуство е да се тренира со најдобриот македонски голман, секако дека од него можам да научам многу и да напредувам. Од него имам голема поддршка.

Какви се вашите очекувања, каде се гледате за 5-10 години?

„Целта на секој млад играч е да стигне до првиот тим. Многу сум задоволен што стигнав до мојата прва цел. Наредните години ќе морам да работам напорно за да напредувам максимално. Следна моја цел е деби во првата лига.

Разговара: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…