Дома Кошарка Богдановиќ, Бјелица и Јанис ќе играат во затвор!

Богдановиќ, Бјелица и Јанис ќе играат во затвор!

Воопшто во спортот, па така и во кошарката се појавуваат нови трендови, а сега се појави информација дека Сакраменто Кингс и Милвоки Бакс ќе одиграат неколку натпревари низ американските затвори.

Сакраменто каде што играат Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица први ќе играат натпревар во затвор во Северна Калифорнија, точната локација се уште не е откриена. До крајот на оваа календарска година истото ќе го направат и Милвоки предводени од грчката ѕвезда Јанис Антетокумпо.

Како финале на целиот проект планирано е двата тима на 10. Февруари да одиграа меѓусебен натпревар, локацијата ќе биде дополнително одредена.

Се најавува дека овие два тима нема да бидат единствените, подоцна (до крајот на оваа година) ќе бидат познати и другите клубови од НБА и ВНБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ја растури Јута со 43 поени, Богдановиќ прецизен за Хјустон

Хјустон славеше со 125:118 предводен од Алперен Шенѓун, а Богдан Богдановиќ погоди три тро…