Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Реал Мадрид? Може, но не сега

Роналдо: Реал Мадрид? Може, но не сега

Кристиано Роналдо летото 2018 година во трансфер вреден 100 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус на титулата во Европа чека долго време и токму поради тоа клубот го доведе Роналдо.

Во првата сезона на Роналдо стигнаа до четвртфиналето каде што ги запре Ајакс, а оваа сезона без поголеми проблеми ја поминаа групната фаза.

Еден од потенцијалните противници на Јувентус во осминафиналето е Реал Мадрид и Роналдо сака да игра против својот поранешен тим, но во финалето.

„Реал Мадрид во осминафиналето? Тие се извонреден тим, но не би сакал да играме во оваа фаза против нив, можеби во финалето. Би потпишал за такво нешто“, изјави Роналдо.

Роналдо во досегашниот дел од Лигата на шампионите постигна два гола. Ждребот за осминафинлето е во понедленик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манев: БиХ и Турција се квалитетни ривали, но Македонија оди на победа

Македонската фудбалска репрезентација е во завршна фаза од подготовките за пријателските н…