Дома Фудбал Валверде: Должни сме да ја освоиме Лигата на шампиони

Валверде: Должни сме да ја освоиме Лигата на шампиони

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде покажа сериозни амбции после победата над Интер во Милано и тоа со комбиниран состав.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците победија со 2:1, иако овој меч за нив немаше резултатско значење, а после мечот Валверде истакна дека главната цел на Барселона е триумф во Лигата на шампиони.

„Игравме за победа. Некои од играчите за прв пат играа на вакво ниво и покажаа дека се конкурентни за овој турнир. Фати е роден голгетер, тој имаше болки пред мечот, но сакаме да игра. Се радуваме што стана најмлад голгетер во Лигата на шампиони. Чувствуваме дека сме должни да го освоиме ова натпреварување. Секој меч излегуваме за победа и така ќе биде до самиот крај“, истакна Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и ведна…