Горан Пандев нема да настапува за Џенова до крајот на оваа календарска година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Македонскиот фудбалер беше казнет со два натпревари суспензија поради црвениот картон против Лече. Пандев откако беше исклучен влезе во конфликт со судијата и поради место еден натпревар суспензија, Серија А го казни со два натпревари. Ова значи дека Пандев нема да настапи во 2019 година.
Пандев нема да може да помогне на својот тим во натпреварите со Сампдорија на 14. декември и на гостувањето кај неговиот поранешен тим, Интер на 21. декември.
Првиот натпревар на кој ќе има право за настап е на 5. јануари кога Џенова ќе игра против Сасуоло.