Шпанскиот тренер Унај Емери неодамна доби отказ од Арсенал поради лошите резултати, но според најавите нема долго да остане без работа.
„Топчиите“ сезонава не играат најдобро и во моментов се наоѓаат на 11-та позиција во Премиерлигата, а ниту Фреди Љунберг не успеа да ги подобри резултатите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Емери наскоро би можел да се врати во Премиерлигата и тоа како тренер на Евертон, кој веќе го контактирал и му понудил договор.
Евертон е без тренер од минатата недела кога го отпуштија Марко Силва, а очигледно Емери е прва желба на раководството.
Емери треба да потпише договор до 2021 година, но се уште не им дал конечен одговор на „карамелите“.