Дома Фудбал Англија Солскјер ги пецна „граѓаните“: Во мое време ретко игравме против Сити

Солскјер ги пецна „граѓаните“: Во мое време ретко игравме против Сити

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер се пошегува со градскиот ривал Манчестер Сити пред утрешното дерби.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солскјер изјави дека како играч на Јунајтед ретко играл натпревари против Сити, бидејќи во тоа време двата клуба не беа во иста категорија, односно „граѓените“ играа во подолните лиги.

„Барем сега играме против нив секоја година. Во мое време ретко се играше дербито на Манчестер. Се сеќавам кога дојдов во овој клуб помина долго време до првото дерби со нив. Но, фудбалот многу се промени, Манчестер Сити сега има одличен тим“, изјави Солскјер.

„Дербито на Манчестер секогаш е спрецијален меч. Спремни сме, а и имаше голема самодоверба после мечот со Тотенхем. Имавме 24 часа помалку за одмор, но тоа не би требало да има големо значење“.

Норвежанецот откри дека Марсијал може да биде спремен за утрешното дерби.

„Се надеваме дека Марсијал ќе биде повикан за утрешниот меч, но не сум сигурен. Ако не е спремен да започне, барем да биде на клупата“, објасни Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус сѐ повеќе размислува за ангажирање на Горецка

Германскиот репрезентативец Леон Горецка станува сѐ попривлечна опција за Јувентус, информ…