Дома Македонски спорт Мак фудбал Сите кои имаат сезонски билет за РК Вардар дербито со Шкендија ќе може да го гледаат бесплатно

Сите кои имаат сезонски билет за РК Вардар дербито со Шкендија ќе може да го гледаат бесплатно

Вардар во недела го игра дербито со Шкендија во македонското првенство, а од Вардар пренесуваат дека на овој натпревар бесплатно ќе можат да влегуваат навивачите кои имаат сезонски билет за РК Вардар.

„Ги известуваме сите љубители на фудбалот, кои поседуваат влезни сезонски билети за РК Вардар, дека може да присуствуваат на натпреварот без никаков надомест.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Билет за мечот чини 100 денари, и ќе се продава на билетарницата на Арената „Тодор Проески“ пред натпреварот.

При секое купување на билет, ќе мора да биде покажен документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Важи правилото една лична карта – еден билет.

Со оглед дека натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, нема да биде дозволен влез за гостински симпатизери“, стои во соопштението од Вардар на официјалната страна на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…