Роберт Левандовски заврши на осмото место во изборот за „Златната топка“.
Oдличниот полски репрезентативец оваа сезона постигна 27 голови, но тоа не му помогна многу. Не е тајна дека Левандовски во минатото беше мета на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфер не се реализираше, а според зборовите на Левандовски нема ниту да се реализира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сега е доцна за таков трансфер. Имам 31 година и сакам да одиграм некоја година повеќе. Среќен сум во Баерн, ова е еден од најголемите клубови во светот. Во Баерн имам се што ми е потребно“, изјави Левандовски, па зборуваше за гала вечерта во Париз.
„Не сум разочаран и среќен сум што сум во вакво одлично друштво. Искрено не очекував подобро место. Тоа што го правам оваа сезона ќе даде резултат наредната година и затоа сум мирен“, порача полскиот напаѓач.