Дома Фудбал Петит за грешката на кариерата: Кога дојдов ми кажаа – учи каталонски, не шпански

Петит за грешката на кариерата: Кога дојдов ми кажаа – учи каталонски, не шпански

Поранешниот француски фудбалер Емануел Петит призна дека ја направил најголемата грешка во кариерата кога летото 2000 година потпишал за Барселона.

Каталонскиот клуб тогаш за 15 милиони евра го купи Петит од Арсенал. Сите очекуваа да биде големо засилување, меѓутоа Петит после само една сезона ја напушти Барселона и се пресели во Челзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој Французин за Барса настапи на 23 натпревари и постигна еден гол. 19 години подоцна Петит призна дека тој трансфер бил најголемата грешка во неговата кариера.

Петит бил шокиран уште во првите денови во Барселона.

„Во Барселона пристигнав во многу лош момент. Постоеше војна во соблекувалната. Национализмот беше блиску до расизам. Кога дојдов ми кажаа воопшто да не учам шпански, туку да го учам каталонскиот јазик. Јас го одбив тоа и им кажав дека сум во Шпанија, тие ме поправија и ми кажаа дека ова е Каталонија“.

„Не можев да ги прифатам работите кои се случуваа. Да знаев дека ситуацијата е таква воопшто немаше да дојдам во Барселона. Денес работите изгледаат многу подобро. Трансферот во Барселона за мене беше грешка на кариерата“, изјави Петит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…