Дома Фудбал (Фото) Погледнете како весниците од Барселона навиваат за противникот на Реал

(Фото) Погледнете како весниците од Барселона навиваат за противникот на Реал

Ситуацијата во Примера е многу јасна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доколку Реал Мадрид вечерва ја победи Селта во заостанатиот натпревар во Примера, во последното коло во недела ќе му биде доволно и бод против Малага за првата титула во последните пет години.

Но, вечерашниот натпревар ќе биде се, само не лесен за Реал. Во Виго последниве години испаднаа од купот, пред тоа од Селта загубија и на „Сантијаго Бернабеу“ во истото натпреварување, а и во шампионатот Селта ја добија со голот на Крос во 81. минута.

Барселона во моментов е лидер на табелата поради подобрата гол разлика, а во последното коло го пречекуваат Еибар и всушност единствената надеж им е чудо на Селта против Реал. Така, во шпанските дневни спортски весници кои ја следат Барса, Мундо Депортиво и Спорт, денеска излегоја со наслов „Forca Celta“.

Не е познато дали Барселона можеби и финансиски ќе ги награди Селта, кој во 7. коло ги победија со 4:3, што е еден од само четирите порази на Барса оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…