Дома Фудбал Рибери заврши со играње за оваа година?

Рибери заврши со играње за оваа година?

Вчера, Фиорентина ја продолжи низата со лоши резултати во Серија А.

Фиорентина беше поразена на домашен терен од Лече со 1:0, а ова беше трет пораз во низа за оваа екипа, која сега е многу поблиску до дното на табелата и се наоѓа на 13. место со 16 бода.

Покрај новиот пораз, Фиорентина доби уште лоши вести. Поточно, Френк Рибери се повреди на натпреварот против Лече.

Французинот вчера изврши и детални прегледи, по што беше потврдено дека заработил повреда на лигаментот на зглобот и затоа може да биде надвор од терените неколку недели.

Рибери ова лето пристигна во Фиорентина како слободен играч откако му истече договорот со Баерн за кој настапуваше од 2007. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Албанија подготвува даночен поттик за спонзорите: спортот чека зелено светло од парламентот

Компаниите што вложуваат во спортот би можеле да добијат даночно олеснување до 30 отсто, а…