Дома Трансфер зона Милан сака да потпише со Ибра на големиот јубилеј?

Милан сака да потпише со Ибра на големиот јубилеј?

Се уште Златан Ибрахимовиќ не донел одлука за продолжување на кариерата, но во Милано веруваат дека ќе ја прифати нивната понуда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ веќе настапуваше во Милано, а на „Сан Сиро“ веруваат дека 38 годишниот фудбалер може да придонесе за „росонерите“ да се вратат на славните патеки.

Златан е слободен играч откако го напушти Лос Анџелес Галакси, а покрај Милан за него се интересира и Болоња.

Според „Кориере дела Сара“ во Милан се надеваат дека Швеѓанецот ќе потпише договор со клубот на 15. декември кога е закажана прославата за 120 годишнината на клубот.

Постојат и информации дека 18 месечниот договор кој му се нуди на Ибра ќе има клазула која ќе му овозможи да замине на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…