Вчера беше извлечена ждрепката за Европското првенство 2020 на која дознавме дека има можност Македонија да игра во најспектакуларната група на турнирот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Работите зависат од Романија. Ако Романија се пласира на ЕП ние одиме во група со двата последните светски шампиони и актуелниот европски (Португалија, Франција и Германија). Од друга страна во случај Романија да не игра на ЕП ние ќе одиме група со Австрија, Украина и Холандија.
Нашите репрезентативци мотив секако имаат сите имаме желба за прв историски настап на ЕП. Меѓутоа можноста да се игра против најголемите ѕвезди на светскиот фудбал: Мбапе, Роналдо, Погба, Ноер, Гризман…Сигурно кај нас ќе разбуди дополнителна желба да се прикажеме во најдобро светло и да го елиминираме прво Косово, а потоа и да славиме против Грузија или Белорусија.
Од друга страна втората група не е така атрактивна, но секако е силна поинаква и не може да биде кога станува збор за Европско првенство. Меѓутоа во квалификациите ако го одземеме натпреварот со Австрија покажавме дека можеме да играме и со посилни селекции пр. Полска (изгубивме, но Полјаците не не надиграа имавме и ние свои шанси) и против Австрија во претпоследното коло на гости не одигравме лош натпревар. Во оваа група ако се знае дека освен првите две селекции место во нокаут фазата обезбедуваат и најдобрите четири репрезентации можеме да сонуваме и за нешто повеќе.
Сепак, како рекле „затоа – потоа“, прво да мислиме на Косово и баражот.
Пишува: Стефан Даскалов