Дома Топ вести Дали се спрема најскапиот зимски трансфер во историјата?

Дали се спрема најскапиот зимски трансфер во историјата?

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат германските медиуми.

Санчо има проблем со дисциплината, клубот му забрани да дава изјави, а на последниот меч против Барселона беше на клупата за резерви.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Милионериоте“ веќе два пати го казнија младиот фудбалер, па Санчо е во конфликт со раководството и може самиот да побара трансфер уште во зимскиот преоден рок.

Англиските медиуми тврдат дека Санчо веќе донел одлука да се врати во Англија, а „милионерите“ веќе се помириле со тоа, но за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид ќе се борат за неговиот потпис, англиските клубови се спремни да ја платат сумата која ја бара Борусија Дортмунд.

Јунајтед и Ливерпул се спремни да понудат 120 милиони евра, па доколку се оствари трансферот, Санчо ќе стане најскап „јануарски“ трансфер во историјата.

Кутињо пред две години беше платен нешто помалку од 120 милиони евра, но со серија на додатни бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…