Дома Трансфер зона Милан не се откажува од Хрватот, го сака по секоја цена!

Милан не се откажува од Хрватот, го сака по секоја цена!

Милан уште минатото лето беше силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Милан Бадељ, но не успеа да се договори со Фиорентина и трансферот не се реализираше.

Сепак, ако им се верува на италијанските медиуми „росонерите“ не се откажале од Бадељ и ова лето ќе го донесат на „Сан Сиро“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тренерот Монтела е голем симпатизер на неговата игра и смета дека ќе биде идеален партнер на Кесие во средниот ред, па му порачал на новото раководство по секоја цена да го донесат на „Сан Сиро“,

„Тутоспорт“ тврди дека преставниците на миланскиот клуб имаше средба со неговиот менаџер и веќе постигнале договор, а агентот потврди дека Бадељ ова лето ќе ја промени средината.

„Дефинитивно дојде време Бадељ да ја напушти Фиорентина. Сакаше да замине и минатото лето, но клубот ги одби сите понуди. Сега ситуацијата е поинаква и сигурно ќе ја промени средината“, изјави агентот на Храватот.

Фиорентина мора да го продаде Бадељ ова лето доколку сака да заработи на него, бидејќи неговиот договор истекува следното лето. Цената на трансферот ќе изнесува околу 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…