Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски се огласи: Морам нешто да ви признам…

Левандовски се огласи: Морам нешто да ви признам…

Баерн синоќа на Маракана ја победи Црвена Звезда со високи 6:0 во натпревар од 5. коло во групната фаза на ЛШ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По првото полувреме Баварците преку Горецка поведе со 1-0, а потоа постигнаа уште пет гола, од кои четири беа на Роберт Левандовски.

Напаѓачот на Баерн е брилијантен оваа сезона, а тоа го потврди уште еднаш во натпреварот на Маракана, каде ја затресе мрежата на противникот четири пати за само 15 минути.

Полскиот репрезентативец во сите натпреварувања оваа сезона, вклучително и настапи за својата репрезентација постигна 32 погодоци и делува незапирливо.

По натпреварот против Црвена Звезда, Левандовски се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Морам нешто да ви признам, зависен сум од постигнувањето на голови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тешка задача за домаќинот: Кој е противникот на САД во осминафиналето на Светското првенство?

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави постигна забележителен успех …