Дома Фудбал Италија Неизвесно дали Манџукиќ ќе игра во финалето на Купот на Италија

Неизвесно дали Манџукиќ ќе игра во финалето на Купот на Италија

Неизвесен е настапот на Марио Манџукиќ напаѓачот на Јувентус во финалето на Купот на Италија кој ќе се игра вечер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хрватскиот репрезентативец има проблеми со грбот, повреда со која се здоби во неделниот натпревар во кој Јувентус загуби од Рома со 3:1.

Тој сезонава е еден од клучните играчи во тимот на Масимилиано Алегри и тоа во нова улога на лево крило во формацијата 4-2-3-1, со која Јувентус игра најчесто во текот на сезоната. Поранешниот фудбалер на Загреб, Динамо, Волфсбург, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, годинава одигра 46 натпревари за „бјанко-нерите“ и постигна 9 гола.

Тимот на Јувентус сезонава атакува на три трофеи.

На две кола до крајот на Серија А има четири бодови повеќе од Рома и е на дофат до новата шампионска титула. Во финалето на националниот куп в среда за противник ќе ја има екипата на Лацио, додека за трофејот во Лигата на шампионите Јувентус ќе се бори со актуелниот европски првак Реал Мадрид во финалето на 3 јуни во Кардиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …