Најголемото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар не ја започна најдобро сезоната, но неговите партии во белиот дрес се се подобри.
Белгиецот одигра одличен меч против Реал Сосиедад при победата со 3:1, а тоа го покажува и статистиката. Според OptaJose бившиот играч на Челзи имал 10 успешни дриблинзи (од 12 обиди) против Сосиедад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На никого тоа не му успеало во дресот на Реал уште од 2009 година наваму. Последно Арјен Робен може да се пофали со десет дриблинзи во „кралскиот“ дрес. Само за споредба, Роналдо никогаш не дошол до двоцифрен број на дриблинзи во меч од Примера.
Претходно против Леганес и Еибар Азар стигна до бројката од 7 успешни дриблинзи и покажа дека влегува во одлична форма.
10 – Eden Hazard completó 10 regates ante la Real Sociedad (12 intentados), récord de un jugador del @realmadrid en un partido de @LaLiga desde Arjen Robben en enero de 2009 (10 vs Villarreal). Rayo. pic.twitter.com/6Lo9B9cSkR
— OptaJose (@OptaJose) November 25, 2019