Дома Трансфер зона Погба е опоравен од повредата, но не сака да игра, познато и зошто!?

Погба е опоравен од повредата, но не сака да игра, познато и зошто!?

Пол Погба последниот натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед го одигра уште кон крајот на септевмри кога „црвените ѓаволи“ играа на свој терен против Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот потоа се повреди од тогаш не заиграл, а според последните информации кои доаѓаат од медиумите во Шпанија можеби нема ни да заигра.

Имено, шпанскиот медиум „Радио КОПЕ“ пренесува дека Погба прави се за да го натера Јунајтед да го пушти во јануари, негова желба наводно е Реал Мадрид.

Шпанците тврдат дека Погба е опоравен од повредата, меѓутоа поради желбата да си замине одбива да игра.

Солскјер минатата недела тврдеше дека Погба ќе се врати до крајот на годината, но дека се уште не може да тренира.

Она што е интересно е што Погба неодамна без проблеми играше кошаркар со НБА ѕвездата Џими Батлер. Останува јануарскиот преоден рок до кој не остана уште многу време да покаже дали Шпанците се во право.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…