Дома Фудбал Азар искрен: Нема да го надминам Роналдо!

Азар искрен: Нема да го надминам Роналдо!

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар не верува дека може да го надмине Кристиано Роналдо по постигнати голови во „кралскиот“ дрес.

„Кога ќе излезам на терен, не размислувам дека Кристиано играл овде претходно, и дека морам да настапам подобро од него. Дефинитивно нема да постигнам повеќе голови од Роналдо. Но, ќе се обидам да го сторам она што е во моја моќ и секогаш ќе се трудам да го давам мојот максимум“, изјави Азар.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој смета дека не е битна висината на трансферот за тоа како ќе игра фудбалерот.

„Сумите на трансферите се работа на клубовите. Играчите секогаш треба да си го одработат своето, без оглед дали нивниот трансфер ќе чини 100 или пет милиони евра“, заклучи Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…