Дома Останати Тенис Надал ја однесе Шпанија до нова титула во Дејвис купот

Надал ја однесе Шпанија до нова титула во Дејвис купот

Репрезентацијата на Шпанија го освои Дејвис купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанците денеска во големото финале играа против репрезентацијата на Канада каде ги добија и двата натпревари без изгубен сет.

Првиот натпревар го одиграа младиот Ожер-Алиасим и Баутиста-Агут, а шпанецот славеше со 7:6 и 6:3.

Подоцна на теренот излезе и првиот светски рекет Рафа Надал кој играше против добриот Денис Шаполавов, но исто така го победи со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6).

За Шпанија ова е шеста титула во Дејвис купот и стана нацијата која прва ја освои оваа титула во новиот формат на ова натпреварување.

Инаку, Рафа е најзаслужниот за ова бидејќи оваа недела за репрезентацијата одигра дури пет сингл натпревари и сите ги победи без изгубен сет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа со победа го започна турнирот во Лајпциг

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Лајпциг, о…