Еурофарм денес загуби на гостувањето кај Металопластика во рамките од СЕХА лигата со 27:26.
Металопластика пред своите гледачи однесе победа од еден гол разлика против битолскиот тим. Еурофарм имаше одлично отварање и поведе со 4:0 после десетина минути игра. Сепак, подоцна започна да паѓа ритамот на Битолчани, па на полувреме заминаа со предност од само еден гол 12:11.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во вториот дел гледавме изедначен натпревар. Еурофарм во поголемиот дел имаше предност, домаќинот за прв пат поведе дури во 56-тата минута. Еуфарм имаше и напад за реми во последните секунди, меѓутоа не го искористи па мораше да се помири со поразот.
Кај Еурофарм Јотиќ беше најефикасен со седум гол, додека на спротивната страна Вегар постигна осум гола.