Фабио Кваљарела има 36 години, меѓутоа тоа не му пречи да игра во одлична форма.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со одличните настапи минатата сезона Фабио Кваљарела ја доби довербата од селекторот на Италија во својата 36-та година.
Оваа сезона не му оди така добро и постигна два гола, но во Сампдорија сакаат тој да игра во нивниот тим и наредната сезона.
Според пишувањето на италијанските медиуми, Кваљарела наскоро ќе го продолжи договорот до летото 2021 година и ќе има плата од еден милион евра годишно пус 300.000 како бонуси кои ќе зависат од неговите настапи.
Тој во клубот од Џенова собра 182 настапи во сите натпревари и постигна 76 гола.