Овој викенд на програмата е 14-то коло од шпанската Ла Лига, а во премиерниот дуел силата ќе ја мерат Леванте и Мајорка.
Леванте: Солидни партии!
Години наназад фудбалерите на ЛЕванте важат за екипа која пружа исклучително добри партии на домашен терен каде што навистина ретко губат, но катастрофално играат на гости, па затоа и успехот е изоставен. Општиот впечаток е дека во овој шампионат тоа не е толку изразено, бидејќи Леванте знае да стигне и до бодови на гости, но досега доживеаа и пораз на домашен терен и тоа во дуелот против Еспањол каде што резултатот беше 0-1. Вераојтно и најдобар показател за игрите на домашен терен е натпреварот против Барселона каде што успеаа да направат пресврт во второто полувреме и постигнаа 3 гола за само 45 минути. После тој фантастичен триумф, Леванте беше поразен во Баскија од Билбао со гол на само две минути пред крајот на натпреварот.
Мајорка: Гостувањата се голем проблем за оваа екипа!
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на Мајорка после долго време успеаа да се вратат во друштво со најдобрите екипи од Шпанија и сигурни сме дека приоритет им е да останат тука повеќе од една сезона. Сепак, засега оваа екипа покажува две лица. Едното е убаво, а се однесува на натпреварите на домашен терен. Имено, Мајорка досега игра одлично и од осум натпревари на домашниот терен остварија четири победи, две реми и само два порази. Од друга страна, на гостински терен изиграа пет натпревари и немаат ниту еден триумф, па да бидеме искрени не очекуваме ниту сега да победат.
Наш предлог:
Како што и погоре кажавме, дефиницијата е дека Леванте игра одлично дома, а Мајорка катастрофално на гости, па затоа како прв најлогичен предлог ни е 1 со квота 1.90 во 1xBet. Похрабрите ги советуваме да испробаат со 1&ГГ во истата обложувалница со фантастична квота од 3.75.