Дома Фудбал Реал остана еден месец без Васкез поради бизарна повреда

Реал остана еден месец без Васкез поради бизарна повреда

Крилото на Реал Мадрид, Лукас Васкез има фрактура на палецот на ногата и ќе мора да отсуствува од терените околу еден месец, пренесуваат шпанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Васкез веќе беше надвор од терените поради повреда на бутниот мускул, па оваа сезона има одиграно само три меча.

Меѓутоа, новата повреда на Шпанецот е навистина бизарна, бидејќи се повреди откако му падна тег на ногата, па заработи фрактура на прстот.

Се уште не се знае точниот период на рехабилитација, но шпанските медиуми тврдат дека ќе отсуствува од терените најмалку еден месец.

Добрата вест за Зидан е што ќе може да смета на Герет Бејл, кој се врати од повредата и настапи за Велс во квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рејндерс е разочаран во Сити, подготвува големо предавство!

Холандскиот офанзивен играч за врска, Тиџани Рејндерс (27), летово му се приклучи на Манче…