Дома Трансфер зона Обамејанг ги одложува преговорите со Арсенал поради еден клуб?

Обамејанг ги одложува преговорите со Арсенал поради еден клуб?

Ѕвездата на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг се двоуми околу потпишувањето на новиот договор.

Договорот на Обамејанг важи до летото 2021 година, а иако челниците на лондонскиот клуб имаат намера да му понудат нов подобар договор него не му се брза.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека Габонецот ги одложува разговорите за продолжување на соработката бидејќи сака да ја чека Барселона.

„Обамејанг сака да почека да види колку Барселона е сериозна со интересот за него“, се наведува во соопштението на „Спорт“.

Одличниот габонски фудбалер е прв стрелец во клубот и воедно капитен, ќе потсетиме пристигна од Борусија Дортмунд во 2018.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…