Дома Фудбал Бербатов: Мурињо во Тотенхем нема да трпи глупости

Бербатов: Мурињо во Тотенхем нема да трпи глупости

Жозе Мурињо утрово го превзема Тотенхем и ја изненади фудбалската јавност.

Сепак, поранешниот бугарски фудбалер Димитар Бербатов не е премногу изненаден. Според него Тотенхем и Мурињо се одлична комбинација.

„Покетино направи многу за Тотенхем, меѓутоа дојде време кога неопходна беше промена, потребен беше потрес за клубот повторно да победува. На луѓето во клубот сигурно не им било лесно, но таквата одлука беше неопходна“.

„Со оглед на неговото искуство и бројните трофеи кои ги освојуваше каде и да работеше јасно е дека нема да трпи некакви глупости. Ако играчите го почитуваат и тој ќе ги почитува. Поради се што постигна заслужи ваква прилика“, изјави Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте: Се засрамив против Арсенал, а потоа го најдов шампионскиот Челси

Поразот во лондонското дерби го натерал Конте да го смени системот. Следувале 13 победи по…