Дома Фудбал Јаја Туре играше против најдобрите играчи на светот, но најтешкиот противник никогаш нема да го погодите

Јаја Туре играше против најдобрите играчи на светот, но најтешкиот противник никогаш нема да го погодите

Искусниот играч за врска, Јаја Туре во јануари ќе бара нов клуб откако му истекува соработката со кинески Кингао Хуангаи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој во Кина воодушеви со игрите за Хуангаи, кој го однесе во прва лига, но во последното коло после само десет секунди игра доби црвен картон поради удар на противнички играч и со тоа се опрости од настапите за овој клуб.

Туре има договор до крајот на оваа година, а во јануари сигурно ќе бара нов ангажман. Моментално поранешниот играч на Сити ужива во одморот и одлучи да допатува во Англија да ги посети своите пријатели.

Овој 36-годишен фудбалер даде интервју за англиски Тајмс во кој зборуваше за својата кариера. Едно од прашањата беше Туре да го избере најтешкиот противник против кој играл, а со одговорот успеа сите да ги изненади.

„Играв против најдобрите играчи на светот. Немања Матиќ беше најкомплициран. Не е брз, но е многу паметен и силен. Останатите не беа толку тешки бидејќи пред натпреварите ги гледав нивните игри и ги барав слабостите. Но, средбата со Матиќ ме изненади бидејќи не очекував дека е толку тешко да се игра против него.“ – изјави Туре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле ги запали сите аларми пред финалето во ЛШ

Париз Сен Жермен е во големи проблеми пред финалето на Лигата на шампиони против Арсенал, …