Манчестер Јунајтед е заинтересиран за напаѓачот на Ридинг, Дани Лоудер, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
19-годишниот млад репрезентативец на Англија има постигнато 3 гола на 8 меча од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу големи клубови.
Раководството на Ридинг веќе му предложи нов договор, кој му истекува во 2022 година, но засега напаѓачот не сака да стави потпис на нов договор.
Се верува дека позади таквата негова одлука стои токму Манчестер Јунајтед, кој сака да го донесе во своите редови уште во јануари.
Лоудер минатото лето беше блиску до трансфер во Вулверхемптон и важи за еден од најголемите таленти на Островот.