Дома Фудбал Репрезентации Бразил во трилер натпревар стана светски шампион до 17 години (ВИДЕО)

Бразил во трилер натпревар стана светски шампион до 17 години (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил до 17 години стана светски шампион откако вчера во финалето го победија Мексико со 2:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилците во еден возбудлив натпревар успеаа да стигнат до титулата. Првиот гол се чекаше се до 60-тата минута кога после големиот број пропуштени прилики за Бразил погоди Брајан Родригез и го доведе Мексико во водство.

Најголемите возбудувања започнаа на шест минути пред крајот. „Кариоките“ добија пенал после реакција на ВАР и најстрогата казна ја реализираше Жорге. Како што изминуваа минутите изгледаше дека ќе гледаме продолженија. Сепак, Лазаро во последните секунди од натпреварот погодува за голема радост на најфудбалската нација во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шкендија на колена: Силекс го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс триумфираа против Шкендија со 1-0 во финалето на Купот на Македонија…