Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити во летниот преоден рок планира да го донесе фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман.
Пеп Гвардиола беше тој кој го донесе 23 годишниот француски фудбалер во редовите на Баерн Минхен, а сега го посакува на „Етихад“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се верува дека двата клуба би можеле да договорат размена на играчи по која Коман ќе се пресели на „Етихад“, а во спротивен правец ќе оди Лерој Сане.
Баварците преку целото лето беа заинтересирани за 23-годишниот Германец, но никако не можеа да најдат заеднички јазик со Манчестер Сити околу обештетувањето.
„Билд“ пренесува дека интересот на Баерн се уште е голем и се во постојан контакт со неговиот агент.
Сега Гвардиола е спремен да го пушти Сане, но во спротивен правец го бара Кигнсли Коман.