Дома Топ вести Трансфер „бомба“: Санчо во Ливерпул за 140 милиони!?

Трансфер „бомба“: Санчо во Ливерпул за 140 милиони!?

Џејдон Санчо важи за еден од најголемите англиски и европски таленти и се почести се шпекулациите за негово враќање во Премиер лигата.

Талентот кој потекнува од академијата на Манчестер Сити, буквално „експлодира“ во дресот на Борусија Дортмунд и неговата цена вртоглаво порасна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатото лето Манчестер Јунајтед за неговиот потпис понуди 100 милиони евра, а сега „црвените ѓаволи“ добија сериозна конкуренција.

Англиските медиуми тврдат дека Санчо веќе донел одлука да се врати во Англија на лето, а „милионерите“ веќе се помириле со тоа, но за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони фунти.

„Билд“ пренесува дека Јирген Клоп е голем симпатизер на игрите на Санчо и сака да го „украде“ талентот пред носот  на големиот ривал Манчестер Јунајтед.

Наводно и самиот Санчо во моментов преферира преселба на „Енфилд“ бидејќи повеќе му одговара стилот на игра на Ливерпул, но и сака да игра во конкурентен тим кој ќе се бори за трофеи.

Наводно „црвените“ се спремни да понудат 140 милиони евра и да го донесат Санчо во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…