ПСЖ е спремен да ги искористи проблемите во Наполи и да ја купи ѕвездата на италијанскиот клуб во јануари.
После разочарувачките резултати од почетокот на сезоната дојде до голем конфликт помеѓу дел од играчите и раководството, односно претседателот Де Лаурентис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека претседателот „пречкртал“ дури седум фудбалери и е спремен да ги продаде, а меѓу нив е и Алан, кој е голема желба на ПСЖ.
Бразилецот исто така е разочаран од ситуацијата во клубот и сака да ја промени средината, а ПСЖ го посакуваше уште во летниот преоден рок.
Тогаш „светците“ за неговиот потпис нудеа 60 милиони евра, но Наполи ја одби понудата. Меѓутоа, сега работите се променети и Алан може да се пресели во Париз.
Napoli are ready to listen to offers for Koulibaly and Allan next summer. Manolas was brought in to soften the blow of Koulibaly’s departure. (@DiMarzio) pic.twitter.com/bJo27hNXuC
— Everything Napoli (@NapoliAndNaples) November 14, 2019