Дома Топ вести Барса се согласи: Ракитиќ се сели во големиот ривал на Каталонците

Барса се согласи: Ракитиќ се сели во големиот ривал на Каталонците

Иднината на Иван Ракитиќ сигурно ќе биде „жешка“ тема во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот плејмејкер не е задоволен од статусот и минутажата која ја добива оваа сезона во Барселона, па сериозно размислува да ја промени средината.

Барселона веќе му ја отвори излезната врата и е спремна да го пушти доколку пристигне адекватна понуда, па веќе на големо се шпекулира за неговата иднина.

Најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат миланските гиганти Интер и Милан, но сега „Марка“ тврди дека Ракитиќ би можел да се пресели во Мадрид и да го облече дресот на Атлетико.

Самиот Ракитиќ претпочита да остане во Шпанија поради своето семејство, а Симеоне покажува силен интерес да го доведе во своите редови.

Барселона нема ништо против да го пушти Ракитиќ во редовите на големиот ривал, бидејќи наводно „јорганџиите“ се спремни да платат 40 милиони евра за Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…