Во Реал Мадрид се загрижени после информациите дека Хамес Родригез заработил повреда на коленото за време на репрезентативната акција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наводно, медицинскиот тим на колумбијската репрезентација веќе го контактирал Реал поради повредата на офанзивецот.
Следниот чекор ќе бидат деталните прегледи за да се утврди тежината на повредата. Прегледите би требало да бидат направени во Мајами, во следните денови.
Она што е сигурно е дека Родригез нема да игра на следниот натпревар за Колумбија, против Перу.
Инаку, Хамес неодамна ги надмина проблемите поради кои беше надвор од теренот неколку недели, а поради повреда имаше пауза и во првата половина на септември.